Биографија на Тоше Проески Победа на Беовизија [ уреди | уреди извор ] На 13 април 2003 година, Тоше Проески победи на првата Беовизија (фестивал на кој од 2004 година се избира српско-црногорскиот, а од 2007 само српскиот претставник на Евровизија ). Тоше на Беовизија настапи со песната Чија си , на авторскиот тандем Леонтина Вукомановиќ и Жељко Јоксимовиќ , која на крајот имаше вкупно 75 поени, што беше дури за 29 гласа повеќе од второпласираната композиција. Значењето на победата на Тоше беше голема пресвртница и значаен момент во неговата кариера, особено поради тоа што на фестивалот настапија мошне популарни екс-југословенски ѕвезди, а во стручното жири членуваа истакнати музички дејци. Искачувајќи се на сцената, уште еднаш да ја отпее победничката п...